Кристен Стјуарт демонстративно газеше боса на црвениот тепих

339

Американската актерка Кристен Стјуарт се појави на премиера на филм во Кан, при што ги соблече своите чевли и шеташе боса по црвениот тепих.

Откако заземала поза за камерите на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, Стјуарт ги соблекла своите скапи црни „лобутинки“ и влегла на премиерата боса, носејќи ги чевлите в раце.

Со овој потег актерката протестирала против правилата на фестивалот, според кои на жените не им е дозволено на црвениот тепих да се појават во рамни обувки, туку мора да носат потпетици.

– Работите мора веднаш да се менуваат – изјавила Кристен Стјуарт минатата година на дискусија.

Во 2015 година на група средовечни жени им бил забранет влез на прикажување на филмот „Керол“ бидејќи дошле во рамни чевли, а претставниците на фестивалот одбиле да го признаат овој инцидент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...