Кристално ѕвоно за три друштва котирани на берзата

Трите друштва  се издвоени од вкупно 107 акционерски друштва кои се котирани на Македонската берза.

201

„Алкалоид“, Комерцијална банка и Македонски телеком се добитници на наградата Кристално ѕвоно за 2017 година, што традиционално ја доделува Македонска берза за најтранспарентно котирано акционерско друштво.

Трите друштва  се издвоени од вкупно 107 акционерски друштва кои се котирани на Македонската берза.

„Алкалоид“ е прворангирано друштво според транспарентноста, Комерцијална банка е второрангирана, а на третата позиција се најде Македонски телеком.

Наградите на најуспешните им беа доделени во рамките на деветнаесеттата годишна конференција на Берзата што се одржа во Охрид.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...