Кремљ ќе им врачи државни одликувања на двајцата пилоти, кои успеаја денеска принудно и безбедно да приземјат авион во близина на Москва.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги пофали пилотите, кои им ги спасија животите на патниците во авионот.
– Нема сомнеж дека пилотите ќе бидат наградени, но претходно треба да бидат исполнети некои формалности, на пример тие да бидат официјално предложени за награда – нагласи Песков.
Принудното слетување се случи откако авион со 226 патници и седумчлен екипаж полета од аеродромот Жуковски во Москва кон Симферопољ на Крим и веднаш се судрил со јато птици, кои влегле во моторите на леталото.