Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков одби да прогнозира за ситуацијата во Сирија и за тоа дали САД би можеле да изведат напад.
– Да не се водиме според медиумските извештаи, посебно да не се земаат предвид ефемерни извори – посочи Песков.
Тој додаде дека претставниците на Кремљ се залагаат за непристрасна истрага за ситуацијата во Сирија, со цел да се дојде до веродостојни информации.
Песков истакна и дека рускиот претседател Владимир Путин за сега не планира телефонски да разговара со претседателот на САД, Доналд Трамп, претседателот на Франција, Емануел Макрон и со германската канцеларка Ангела Меркел.