Кремљ демантира дека со Трамп договориле повлекување на експертите од Венецуела

Трамп на Твитер вчера објави дека руската Влада ги информирале САД дека повлекла „најголем дел од своите луѓе“ од Венецуела.

158

Кремљ денеска соопшти дека не знае од каде американскиот претседател Доналд Трамп добил идеја дека Москва повлекла поголем број од своите воени експерти од Венецуела и наведе дека тие и натаму таму работат.

Трамп на Твитер вчера објави дека руската Влада ги информирале САД дека повлекла „најголем дел од своите луѓе“ од Венецуела.

Според американски медиуми, не е јасно како Кремљ ги пренел информациите до САД или кој персонал го отстраниле од Венецуела, каде што администрацијата на Трамп се обидува да го собори претседателот Николас Мадуро и неговиот режим.

„Волстрит џурнал“ во неделата објави дека рускиот државен конгломерат Ростек постепено го намалил својот персонал во Венецуела на десетици од околу 1.000 кои претходно работеле таму.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва не разговарала со Трамп на таа тема.

Тој рече дека Трамп очигледно добил информации од новинарските извештаи, кои руските власти веќе ги негираа или од некои други.

– Таму се (руски) специјалисти кои го сервисираат хардверот, кој беше претходно испорачан и тој процес оди според планот – рече Песков.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...