Брендот „Волебак“ креирал панталони кои чинат 645 долари и тврди дека се дизајнирани да траат 100 години.
Од компанијата велат дека пантолоните се толку цврсти што со нив може да се мине низ оган.
Пантолоните се изработени оди трислоен материјал. Надворешниот слој е отпорен на вода и на гребнатини, средниот слој е отпорен на оган и се шири како воздушно перниче на високи температури, а третиот слој е од материјал што не гори, ниту се топи.
– Таквата опрема досега се изработуваше од тешки и неудобни материјали, а сега станува збор за „интелигентен“ материјал што е удобен – велат од компанијата.