Кредитната линија од 100 милиони евра од ЕИБ достапна наесен

Министерството за финансии изготви Закон за гаранција што денеска ќе биде разгледан на владина седница, по што ќе биде доставен до Собранието.

115

Наесен 100-те милиони евра евтини кредити од Европската инвестициска банка ќе им станат достапни на малите и средни претпријатија. Министерството за финансии изготви Закон за гаранција што денеска ќе биде разгледан на владина седница, по што ќе биде доставен до Собранието.

Откако Собранието ќе го усвои законот, ќе се потпише договор меѓу Европската инвестициска банка и Македонската банка за поддршка на развојот, како и Министерството за финансии во својство на гарант на заемот. Со тоа, 100-те милиони евра ќе станат достапни за малите и средни претпријатија.

„Македонската банка за поддршка на развојот ќе ја пласира оваа кредитна линија преку деловните банки, како посредници до крајните корисници. Со ова ќе се обезбеди свеж капитал за малите и средни претпријатија, ќе се поддржат нови проекти, нови вработувања, ќе се зголеми ликвидноста во стопанството и ќе се зголеми извозот“, информира Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...