Креации на млади дизајнери на Моден викенд

191

На осумнаесеттото издание на Моден викенд Скопје кое продолжи вчеравечер, студентите од Академијата за моден дизајн „Џолев и уметностите“ (Сивус едукативен и развоен центар) во „Скопје Мериот Хотел“ ги прикажаа своите финални колекции работени под менторство на дизајнерите Никола Ефтимов, Никола Булески-Буле и Александра Јовановска.

Вечерва ќе се одржи последната модна вечер со ревиите на „error kolektiv“ и нивните три брендови: „Atami“, „Em Ellephantski“ и „[0.10] error of harmony“, Сара Реџиќ и Александра Јовановска во „Скопје Мериот Хотел“.

Се претставија и Емануела Трајческа со колекцијата „Оклоп“, Натали Наумова со „Still“, Катерина Тошева со колекцијата „Огледало“, Мила Спасовска со „Плима“, Марија Десподовска со „Movement“ и Сара Реџиќ со колекцијата „Малиот принц“.

Познатиот бренд за италијански накит „SIGMA“ на вчерашната ревија ја донесе новата колекција насловена „Future now“ која трасира нова љубов кон златниот накит, истакнувајќи го личниот стил, префинетоста и елеганцијата на една жена.

За прв пат на Моден викенд беa претставени и „Matrons dresses“ и колекцијата за есен/зима 2018/2019 „Magical feathers“, составена од 20 креации.

Третата вечер на осумнаесеттиот Моден викенд Скопје заврши со ревијата на Олгица Ѓоргиева и колекцијата „Bridges“ поддржана од „БИСИ“, „Soul Kitchen Bar“ и „Bella Vista“. Креациите беа надополнети со чевли од „Shevro“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...