Крвава свадба во Кабул, бомбаш самоубиец разнесе 63 лица, а рани 182

114

Бомбаш самоубиец активира експлозив на свадба во Кабул при што загинаа најмалку 63 лица и 182 се ранети, изјави портпарол на авганистанското Министерство за внатрешни работи.

Меѓу жртвите има деца и жени.

Нападот бил извршен во сала за свадби во западниот дел од Кабул во шиитски кварт. Речиси 1.200 луѓе биле поканети за свадбата.

Талибанците негираа дека се вмешани и го осудија нападот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...