Крај на сиромаштијата, меѓу приоритетите на Националниот совет за одржлив развој

166

Пред членовите на Националниот совет за одржлив развој на денешната седница беа презентирани 17-те глобални цели на ООН и степенот на усогласеност на националните стратешки програмски документи со Целите. Врз основа на направената анализа од техничка работна група, Советот донесе одлука за приоритетна имплементација на 5 цели за 2019 и 2020 година, додека останатите цели ќе бидат во функција на приоритетните цели, соопшти кабинерот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

– Да се стави крај на сиромаштијата во сите форми, насекаде во земјата, да се обезбеди инклузивно, правично и квалитетно образование и да се промовираат можностите за доживотно учење, да се промовира инклузивен и одржлив економски раст, целосно и продуктивно вработување и достојни работни места за сите, да се преземат итни дејствија за борба против климатските промени и нивните влијанија, да се промовираат мирни и инклузивни општества за одржлив развој, да се обезбеди пристап до правда за сите и да се изградат ефективни, отчетни и инклузивни институции на сите нивоа, се приоритетните цели, стои во соопштението.

Советот заклучил дека посветено и одговорно, Владата и институциите ќе работат на постигнување на целите, во насока на повисок и одржлив економски раст, квалитетно образование, крај на сиромаштијата и повисок животен стандард за граѓаните како и здрава животна средина. Дополнително за постигнување на приоретизираните цели, од голема важност е ефикасноста на администрацијата и институциите, како и владеењето на правото, кои се и основа на реформите кои Владата ги спроведува во процесот на евро-атлантските интеграции.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...