Легендарниот британски новинар Мајкл Бурк е домаќин на серијата Кралски рецепти (Royal Recipe) на БиБиСи која ја истражува кралската кујна од минатото до денес.
Во секоја епизода презентерот заедно со врвен готвач во кујната се обидуваат да создадат јадења од Кралскиот архив, како и да зготват некоја современа порција инспирирана од монарсите. Бурк ја прославува темата на храната од времето на Џорџ IV до владеењето на Елизабета Втора, консултирајќи се притоа и со сеќавањата на Милдред Николс, која работела во кујната на Бакингемската палата од 1907 до 1919 година.
Рецептите се навистина фантастични, ама најлесен ни се виде оној за лебот со сода.
Секако, импровизиравме бидејќи ги немавме баш сите состојки, ама сепак излезе добро и што е најважно, леб за кој не мора ниту да се меси ниту да се чека тестото да надојде.
Брзо и лесно.
Побарајте го рецептот на порталот „Арт кујна“.