Британските служби објавија план за евакуација на кралското семејство во случај во Лондон да дојде до нереди поради „несреденото излегување“ на Британија следниот месец од ЕУ.
„Овие планови за итна евакуација постојат од времето на Студената војна , но сега се пренаменети во случај на граѓански немири по Брегзит без договор“, пишува „Сандеј Тајмс“ повикувајќи се на неименуван извор од владата.
Семејството би било преселено на сигурно место што подалеку од Лондон. Британската кралица Елизабета II која ретко дава политички изјави, минатата недела даде изјава која беше протолкувана како повик на политичарите да постигнат договор за Брегзит.
Излезот на Британија од ЕУ треба да се случи на 29 март, а до сега се уште во Парламентот не е усвоен договорот што премиерката Тереза Меј го постигна со ЕУ.