Кралицата Елизабета Втора ја објавила својата прва фотографија на Инстаграм во четвртокот, за да ја прослави новата изложба во Британскиот музеј за наука.
Таа на профилот на кралското семејство објавила две фотографии од писмата на Чарлс Бабиџ, кој нејзиниот прадедо, принцот Алберт, во 1842-ра година „го признал како прв пионер на информатиката во светот“.
Кралицата поставила објава од ајпод на официјалната страница на кралското семејство, која има 4,6 милиони следачи.
Дедото на кралицата, кралот Џорџ Петти, официјално го отворил Музејот на науката во 1928 година, а кралицата Елизабета првпат го посетила една деценија подоцна.
Таа исто така, својот прв твит воопшто, го објавила од музејот, за да го прослави отворањето на својата информатичка галерија во 2014-та година.
Во понеделникот, кралското семејство објави насоки за социјалните медиуми, барајќи од следбениците да покажат „љубезност и почит кон сите останати членови на социјaлните мрежи“.
ФОТО: EPA/WILL OLIVER
View this post on Instagram