Голема и упорна крава, на која очигледно ѝ здодеал животот во еден парк во близината на Глазгов во Шкотска, решила да се прошета вчера по пругата во близината на градот и цел час ја блокирала железничката линија, јави агенцијата УПИ.
Компанијата Скотрeил преку Твитер ги извести патниците и ги апдејтираше за исходот. Прошетката на кравата минала без поголема нервоза и драма.
Фото: Твитер