Веројатно знаете дека „оригиналните“ парфеми од 500 денари што ги продаваа на влезот од ГТЦ се премногу ефтини за да бидат автентични. (Мислам, го знаете тоа, нели?) Но, дали знаете дали вашето шише со маслиново масло е легитимно?
Фалшивата храна или „економски мотивираниот фалсификат“, како што понекогаш формално се нарекува, е вистински проблем во продавниците за храна, рестораните и онлајн продавниците за храна насекаде. Производителите можат да ги променат своите производи со мешање на висококвалитетна храна со полоши производи (на пример, маслиновото масло). Тие можат да го користат фенси јазикот на етикетата за да ве намамат(можеби масло од тартуфи). Тие, исто така, можат да бидат и целосно лажни.
Некои прехранбени компании и земји се многу заштитени во однос на термини и етикети, а тоа ви помага да знаете дека навистина го добивате производот што ви е ветен. Производителите на грозје во регионот на Шампањ, Франција, на пример, не им дозволуваат на оние што не го одгледуваат овошјето за своето пенливо вино на нивната територија да го користат зборот.
Не е секогаш лесно – сите сме биле некогаш измамени и едноставно не можеме да го знаеме тоа – но овие совети може да ви помогнат да забележите дека некои производи се лажни пред да ги однесете дома со вас.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey