Заврши електронската аукција за избор на најдобрата од доставените понуди на трите градежни компании што аплицираа за изградба на првот дел од автопатот Скопје-Блаце во должина од два километри.
Од Јавното претпријатие за државни патишта за МИА изјавија дека името на компанијата со најдобра понуда ќе биде објавено откако ќе истече 10-дневниот рок за жалби.
На повторениот тендер аплицираа градежните компании „Гранит“, „Бетон“ и „ИСО2001“.
По завршување на рокот за жалби ќе се склучи договор со компанијата победник на тендерот, по што стартуваат подготвителни активности за старт на градежните работи.
Претходниот тендер беше поништен бидејќи откако стаса само една понуда која го надминуваше буџетот за оваа јавна набавка.
Првиот дел од автопатот, што се планира за стартот на следната година, треба да заврши за година и половина, додека за вториот дел треба да биде изработена проектна документација и да се распише тендер.
Изградбата на автопатот ќе чини 110 милиони евра и според најавите треба да биде готов во 2023 година.