Кој да се врати во градот на духовите? ГАЛЕРИЈА

122

Јапонското министерство за екологија има план да ја искористи контаминираната почва за изградба на патишта во префектураат Фукушима, што пред седум години беше погодена од земјотрес со јачина од 9 степени по Рихтер.
Но, жителите се против ваквиот план на владата. Сметаат дека загадената земја од
нуклераната централа, која претрпе оштетувања и предизвика катастрофа, треба да останекаде што е сега. Фармерите од поширокото подрачје покрај чие земјиште ќе минува патот, се загрижени за производите.

Не сакаат радиоактивен пат покрај нивите. Според палнот , земјата спакувана во црни кеси ќе биде закопана под 200 метарската делница на локалниот пат. Планот е загадената земја да се закопа со незагадена, а потоа со асфалт, со што би се неутрализирала радијацијата.

Се проценува дека треба да се соберат 22 милиони кубни метри загадена земја, што би се чувала на времена локација пред да почне реализацијата на планот поредвиден за средината на мај.

Околу 49.000 лица се иселија од Фукушима по земјотресот, нуклеарната хаварија и
цунамито.

Минатата година владата објави дека во одделни делови е завршена деконтаминацијата, па сепак поголемиот број од жителите не се врати, особено семејствата со деца.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...