Кој го чува бебето? Вашиот маж?

Веројатно секоја мајка ја слушнала оваа реченица кога била некаде сама, без бебето. Но, татковците не „чуваат“ деца, татковците се татковци.

367

Истражувањата покажуваат дека денешните татковци се повеќе од кога и да е, вклучени во грижата за децата и тоа го менува начинот на кој децата го доживуваат светот и себеси.

Современите татковци сериозно го сфаќаат родителството, поминуваат со своите деца три пати повеќе време во однос на мажите од претходните две генерации и многу повеќе работат во текот на тоа време. Истражувањата спроведени во 1982. Потврдуваат дека 43 отсто од татковците никогаш не менувале пелени.

Денеска тој број е намален на три отсто што е исклучително важно затоа што покажало дека кога татковците менуваат пелени, ги облекуваат и ги бањаат своите деца нивниот однос станува посилен.

„Бев со семејството на вечера, а бидејќи како татко сум многу вклучен во грижата за бебето, ѝ кажав на жена ми дека јас ќе му ја сменам пелената на нашиот син. Влегов во тоалет и воопшто не помислив дека таму нема да има маса за менување пелени“, вели таткото на двајца синови, Скоти Шриер.

Но, во тој ресторан немало маса за превивање во машкиот тоалет, а Шриер забележал дека повеќето машки тоалети не се опремени за да ги исполнат потребите на модерните татковци.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...