Која храна никако не смеете да ја замрзнувате?

Замрзнувањето на храна е одлична идеја затоа што може да се спречи нејзиното фрлање, но постојат намирници кои сепак не би требало да се ставаат во замрзнувач.

1284

Оваа храна подобро немојте да ја замрзнувате. Пробајте да ја искористите за приготвување на некое друго јадење, да ја изедете следниот ден, или во најлош случај, да ја фрлите.

Веќе одмрзнато месо, риба и морски плодови

Кога месото, морските плодови и пилешкото еднаш ќе се одрмзнат, треба да се изедат. Овие намирници не можат повторно да се замрзнуваат за идна употреба затоа што при одмрзнувањето расте бројот на бактерии, а со замрзнувањето можат да се замрзнат и тие бактерии. Постои исклучок. Ако тој вид на намирници се одрмзнат во фрижидер кој работи на 5° C или пониска, можно е повторно да се замрзнатпишува Дејли Меил.

Сварени тестенини

Ако имате остатоци од тестенини, може да биде примамливо да се замрзнат за подоцнежна консумација. Меѓутоа, откако ќе ги одмрзнете тестенините, можете да завршите со тестенини кои апсорбирале премногу вода и станале невкусни, меки и во прилично распадната состојбаАко веќе имате замрзнати тестенини, постои еден трик со кои би можеле да ги приготвите за јадење, а да ги избегнете нус појавите на одмрзнувањетоПред да ги одмрзнете, ставете ги во сад со врела солена вода на неколку моменти за да оживеат и да бидат јадливи.

Остатокот од текстот прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...