Илон Маск повеќе на е претседател на управата на „Тесла“. Маск се спогоди на суд откако беше обвинет за измама поради низата лажни твитови, а мора да плати и вртоглави 20 милиони долари казна.
Наводно Маск сакал да ја импресионира својата девојка Гримс, со која последните недели е во многу климави односи.
Илон Маск и ексцентричната музичарка Гримс ја започнаа врската на почетокот на оваа година, а првпат заедно се појавија на Мет гала.
На новинарите им признаа дека врската ја започнале откако Маск ѝ се јавил на Гримс, бидејќи го предухитрила во една информатичка шега за вештачката интелигенција.
Гримс, со вистинското име Клер Бушер е 23-годишна музичка и концептуална медијска уметница. На музичката сцена се појави во 2012 година, но светските медиуми ја запознаа дури кога стана девојка на Илон Маск.
Маск на почетокот на август на Твитер напиша дека размислува за повлекување на акциите на „Тесла“ од берзата и дека инвеститорите го поддржуваат тој план, дека финансирањето е осигурано и дека на акционерите ќе им бидат понудени 420 долари по акција. На Маск бројката 420 му се одби од главата, а цената на акциите ја заокружи на тој број, бидејќи има посебна симболика во културата на канабисот.
Драмата за спорниот твит за цената на акциите ја доживеа својата бизарна кулминација откакоа во целата работа се вмеша раперката Азелија Бенкс. Музичарката требаше да соработува со Гримс, а одеднаш на интернет осамна преписката на која девојката на Илон Маск ѝ пишува на Азелија како Илон дрогиран ги пишувал цените на акциите на „Тесла“, како и дека го навел бројот 420, бидејќи е опседнат со марихуаната.
Фото: Инстаграм