Која е трудницата чие тело е изложено во музеј? (ВИДЕО)

385

Со години, контроверзната анатомска изложба на тела со изложени човечки трупови сочувани со процесот познат како пластифицирање (се вадат течностите и масното ткиво и се пополнува со пластика), посетува многу земји низ целиот свет. Најтревожен примерок на изложбата е телото на бремена жена која лежи со нејзиниот 8-месечен фетус во стомакот. Која била таа, никој не знае.

Многумина го поставуваат прашањето дали до трупот на оваа бремена жена и другите тела што се прикажани на изложбата е дојдено на легитимен начин?

Германскиот антрополог Гинтер фон Хагенс, кој ја добил идејата да прави уметнички дела од умрени луѓе – тврди дека човечките примероци биле од „доброволни“ донатори. Но еден британски писател и и стражувач тврди дека според градбата на телата тие се од кинеско потекло.

Идентитетот на секој кадавер се чува во тајност заради зачувување на неговата приватност.

Оттука, никој не знае точно од каде доаѓаат овие тела. „Во најлош случај, (телата биле) дисиденти убиени во кинеските зарвори“, се вели во статијата на НПР.

ТЕЛА, издаде одрекнување кое гласи: “Оваа изложба ги прикажува човечките остатоци на кинески граѓани или жители, кои првично беа примени од страна на кинеското Биро за полиција. Кинеското Биро за полиција може да прима тела од кинески затвори. ”

Друга слична изложба, позната како ТЕЛА, издаде соопштение кое гласи: „Оваа изложба  прикажува човечки остатоци на кинески граѓани или жители, кои првично биле примени од страна на кинеското Биро за полиција. Кинеското Биро за полиција можеби ги примила тела од кинеските затвори“.

Но, според традиционалната кинеска култура Кинезите не сакаат или не се волни да ги донираат своите органи, а камо ли нивните тела да бидат изложени јавно.

Авторката Чен Лан напиша на нејзиниот блог „Веибо“: „Кина има екстремно ниска стапка на донирање на органи, толку ниска што сите медицински школи имаат недостаток од трупови“.

Па од каде доаѓаат овие тела?

Уште во 1999 Гинтер фон Хагенс добил дозвола од властите на Далиан да инвестира 15 милиони долари во отварање на фабрика за пластифицирање на тела во Здравствената зона.

Фабриката на Хагенс за пластифицирање на тела  се наоѓа во близина на трите затворски логори Масањаја, Лонгшан и Шенксин, каде што политички затвореници и медицински лица од Фалун Гонг се незаконски притвор и наводно работела со „тела кои не биле подигнати од никого“.

Всушност, истражувањата на WOIPFG (Светска организација за истражување на прогонот во Фалун Гонг) потврдија дека многу од овие „неподигнати трупови“ биле продавани од медицинските лица на Фалун Гонг.

Подготви:А.Ј.

Who Was She, the Pregnant Woman?

Who Was She, the Pregnant Woman? The Dark Secret of the Devil’s Mill Might Be Beyond Your Imagination!!Welcome to subscribe our Truth Media YouTube Channel: https://tinyurl.com/truthmedia-english#FalunGong #torture #persecution #LaborCamp #HagensBioplasticizationCo.#OrganHarveste

Posted by Stop Organ Harvesting in China on недела, 28 јануари 2018

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...