Која е девојката што се трансформираше во видеото на „Некст тајм“ за „Нешто ќе те питам бабо“ ФОТО

Ивана е вистински моден камелеон, па речиси не постои дизајнер кој досега не ја ангажирал за ревија или фотосесија.

966

Братското дуо Стефан и Мартин Филиповски од групата „Некст тајм“ направија уште една фантастична преработка.

А, што се однесува до главата протагонистка на приказната во спотот на песната „Нешто ќе те питам бабо“, овој пат изборот падна на манекенка.

Во видеозаписот за „Слушам кај шумат шумите“ таа улога ѝ припадна на актерката Ана Стојановска, во „Ја излези Ѓурѓо“ пак, главна беше одбојкарката Власта Ружинковска.

Во новиот спот, станува збор за Ивана Гелева која е мошне позната на македонската модна сцена.

Таа е вистински моден камелеон, па речиси не постои дизајнер кој досега не ја ангажирал за ревија или фотосесија.

ФОТО: Принтскрин/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...