Коцкар по операцијата на рак на дојка: Сакам плескавица

1000
ФОТО: Инстаграм

Победничката на реалното шоу „Задруга“, Кија Коцкар по операцијата на рак на дојка побарала плескавица, пренесува српски „Курир“.

– Кија се уште се наоѓа во болница. Добро е – рекле од болницата.

Пејачката во својата книга која ја објави неодамна, го опишала моментот кога дознала дека има здравствени проблеми.

– Се започна кога сосем случајно допрев некои грутки на градите. Не ми беше сеедно, знаев дека тоа може да значи многу работи. Веднаш закажав преглед кај мојот доктор и ултразвукот покажа дека имам три тумори. Следеа низа други прегледи. Наскоро ќе имам хируршки зафат кој ќе покаже дали туморите се бенигни или не – пишувало во книгата на Коцкар.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...