Коцијанчич до Приштина: Укинете ги таксите и продолжете со дијалогот

72

Косово треба да ги укине таксите од 100 отсто за увоз за стоки од Србија и Босна и Херцеговина, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна полиитка и безбедност Федерика Могерини, Маја Коцијанчич, додавајќи дека Европската Унија очекува Приштина и Белград да го продолжат дијалогот, што би довел до нормализирање на нивните односи.

– Сеопфатен правно обврзувачки договор за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина бара клима која придонесува за добрососедските односи, со почитување и целосна имплементација на постојните договори – изјави Коцијанчич за приштински „Зери“.

Според неа, за постигнување на ова, двете страни треба да се воздржат од изјави и потези кои не се во интерес на регионот.

Коцијанчич додава дека Брисел очекува Србија и Косово брзо да го обноват во дијалогот, бидејќи постои директна врска помеѓу нормализација на односите и нивната европска перспектива.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...