Костадинов: Економијата расте, на вистински пат сме

297

Потврда за тоа дека се движиме кон силна економија се пет клучни економски параметри, изјавил портпаролот и пратеник на СДСМ и коалицијата, Костадин Костадинов, соопшти Центарот за комуникации на СДСМ.

– Под еден е растот на бруто домашниот производ од 3.7 проценти во последниот квартал од 2018 година. Освен растот на еконономијата, во 2018 обезбеден е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра. Трет важен економски параметар кој оди во добра насока: индустриското производство во 2018 е највисок во последните седум години (5.4%). Најголем раст на просечната плата од 8.1% во декември 2018 година (25.784 денари). Платите растат а невработеноста се намалува, на историски најниски под 20%. За неполни две години бројот на вработените е зголемен, отворени се над 26 илјади работни места – изјавил тој.

Костадинов додал оти „континуираниот раст на економијата, зголемувањето на инвестициите, индустриското производство, растот на платите и намалувањето на невработеноста покажуваат дека стратешки добро се поставени политиките, се движиме во вистинска насока“.

– Полноправното членство во НАТО дополнително ги поттикнува инвестициите и економскиот раст, а тоа влијае и на намалување на невработеноста во земјава.
Накусо, напредокот во евро-атланските интеграции носи повеќе пари кај граѓаните, поголеми инвестиции, нови и добро платени работи места, подобар животен стандард. Растот на економијата носи бројни придобивки за граѓаните, отвора шанса за сите и затоа е важно напредокот да продолжи – изјавил тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...