Косовски државјанин под истрага за криумчарење на мигранти

22

Надлежен јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство за гонење на oрганизиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице – косовски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – криумчарење мигранти.

– Вчера, во попладневните часови на автопатот Е-75, во близина на „клучка Прдејци“ кај село Прдејци, осомничениот управувајќи товарно моторно возило марка „ИВЕКО“ не застанал на знакот за запирање даден од страна на полициските службеници и се дал во бегство во правец кон Скопје. По кратко време возилото со кое управувал било запрено и во него се пронајдени 39 полнолетни мигранти од Авганистан, Пакистан, Индија и Кашмир и четири малолетни лица од Пакистан. Осомничениот е лишен од слобода и денеска ќе биде изведен пред Судија на претходна постапка, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување на мерка – притвор за осомничениот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...