Косовска царина: Намален увозот од Србија за 20 милиони евра

385
ФОТО: Јутјуб

Пред воведувањето на 100-отстни такси на стоката од Србија и БиХ, во Косово дневно влегувала српска стока во вредност од 1, 2 милиони евра, а потоа е намалена на неколку стотици евра, изјави портпаролот на Царината на Косово Адриатик Ставилеци.

– Од 21 ноември и примената на мерките од 100 отсто, имаме целосна стагнација на увозот од Србија. Ако некогаш изнесуваше 1,2 милиони дневно, сега спадна на неколку стотици евра – рече тој.

Ставилеци посочи дека од воведувањето зголемени такси, Косово купило 48 пратки, главно суровини, од Србија и Босна и Херцеговина, во вредност меѓу 2.000 и 3.000 евра.

– По воведувањето на таксите имаше неколку обиди за илегално пренесување стока во Косово, како јајца и некои прехранбени производи, но тоа не беше на вознемирувачко ниво – појасни тој.

Ставилеци уште рече дека во Србија се вратени 17 камиони со стока, на чија декларација пишувало „Косово и Метохија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...