Косовската опозиција бара оценка на уставноста на именувањето на Изборната комисија

27

Двете најголеми косовски опозициски партии, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ) најавија дека ќе се обратат до Уставниот суд во врска со одлуката на претседателот Хашим Тачи за именување членови на Централната изборна комисија (ЦИК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Двете парти сметаат дека ним им следуваат по две места во ЦИК, а не по едно, како што одлучил Тачи, пишува денешен „Зери“.

Косовскиот претседател се уште го нема потпишано указот за именување на членови на КИЦ, така што, според весникот, ЛДК и ВВ ќе можат да побараат оценка на уставноста на одлуката, само откако тој ќе го стори тоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...