Косовската забрана за извоз им отвори пат на компирите и медот на европски пазар

Веќе е реализиран околу 70 отсто од извозот на овие два производа во Косово и додаде дека по воведувањето на забраната се добиени дозволи за извоз на компири и мед на европските пазари.

552

Нема да претрпиме речиси никакава штета од забраната за увоз на компири и мед од земјава во Косово, а наметнатата бариера нема да има никакво влијание на македонската екомомија, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој нагласи дека веќе е реализиран околу 70 отсто од извозот на овие два производа во Косово и додаде дека по воведувањето на забраната се добиени дозволи за извоз на компири и мед на европските пазари.

– Штетите за македонската економија од забраната за извоз на компири и мед во Косово речиси се нула, имајќи во предвид дека нашите производи можат да се извезуваат и на други пазар, особено медот. Во рок од еден месец по воведувањето на забраната веќе ги исполнивме и сите услови и компирите да се извезуваат на европските пазари, а и досега е реализиран над 70 отсто од извозот на овие два производа во Косово – рече Бектеши.

Тој прецизира дека по состанокот со косовскиот колега Шаља се договориле најдоцна до почетокот на неделава Косово да достави документација дека спроведуваат активен и пасивен мониторинг за одгледување на икри и подмладок на риба и додаде дека се уште не ја добиле таквата документација.

-За нас како држава е многу важно да ги исполниме условите и барањата од Европската Унија бидејќи во најкраток можен рок ќе добиеме лиценца и дозвола за да може да извезуваме риба на европскиот пазар – рече Бектеши.

Прашан дали очекува со најавениот ребаланс на Буџетот да се скратат средства за Министерството за економија, Бектеши рече дека очекува да добијат повеќе средства.

– Во Министерството за економија нема да има кратење на средства, напротив очекуваме да добиеше повеќе средства, имајќи во предвид дека има голем интерес од страна на граѓаните за мерките што ги спроведуваме – рече Бектеши и најави дека од 1 октомври ќе почне субвенционирањето за вградување плински уреди во возилата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...