Косово од денеска со Министерство за одбрана

80
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај утрово свечено ја откри таблата на влезот на новото Министерство за одбрана на Косово, со што симболично го одбележа подигнувањето на повисоко ниво на досегашното Министерство за безбедносните сили на Косово (ФСК), јави дописникот на МИА од Приштина.

– Со симболичниот настан на откривањето на таблата со написот „Министерство за одбрана“ од денеска Косово го формализира својот интитуционален чадор за најмладата војска на светот – порача Харадинај.

Рустем Бериша, кој од септември 2017 година беше министер за ФСК, а од денеска е министер за одбрана, изјави дека „денешниот ден е посебен ден за Министерството, за ФСК и за сите граѓани на Косово“.

Тој најави дека транзицијата на ФСК ќе се одвива постепено и дека се планира да се заврши во наредните 10 години.

Министерството за ФСК прерасна во Министерство за одбрана минатиот месец, кога во косовското Собрание беа изгласани трите закони, со кои ФСК практично се трансформира во војска на Косово.

ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...