Косово: Дачиќ лаже дека Доминика го повлекла признавањето на Косово

107

Министерството за надворешни работи на Косово ги демантира наводите на шефот на српската диломатија Ивица Дачиќ дека Доминика ја повлекла одлуката за признавање на Република Косово како независна држава.

Јетлир Зиберај, советник на министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли, изјави за медумите дека оваа информација е „само уште една во низата лаги на Дачиќ“.

– Ниту имало ниту има повлекување на признавањето. Ние имаме дипломатски односи со Доминика. Ова е уште една од лагите во низата лаги на Дачиќ -изјави Зиберај.

Шефот на српската дипломатија, Дачиќ, денеска за српската новинска агенција ТАНЈУГ изјави дека Доминика ја повлекла одлука за признавање на Косово за независна држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...