Поради ширењето на Корона вирусот во кинескиот град Вухан, на вториот ден од карантинот, во пресрет на одбележувањето на кинеската Нова година, улиците и шопинг центрите се празни, а граѓаните со часови чекаат за преглед во болниците.
Во градот со 11 милиони жители затворени се железничките и метро-станиците, како и аеродромот, додека патиштата не се целосно затворени. Полицијата ги проверува возилата кои влегуваат и излегуваат од градот.
Продавниците се испразнети, поради обемното снабдување со намирници кои луѓето ги набавуваат во случај на продолжена изолација.
Како што пренесува Си-Ен-Ен, болниците се претрупани со пациенти, кои доаѓаат со маски на лицето, а медицинските лица се во заштитни одела.
ФОТО: МИА