Новиот коронавирус однесе животи на 107 луѓе во Италија од избувнувањето на епидемијата. Тоа се новите податоци на властите објавени вечерва.
Бројот на заразени е 3.089, со што Италија е трета во светот по заболени од новиот коронавирус по Кина и Јужна Кореја.
Во изминатите 24 часа починаа 28 лица, а во земјата се идентификувани 587 нови случаи, соопшти службата за цивилна заштита.