Коронавирусот се шири и во Хуанганг

80

Коронавирусот се прошири и во градот Хуанганг, изјави денеска гувернерот на кинеската провинција Хубеи, Ванг Сиодонг, предупредувајќи дека не смее да се дозволи тој град да стане нов Вухан, епицентарот на смртоносниот вирус од кој починаа 132 лица.

Хуанганг, во кој живеат 7,5 милиони луѓе, е еден од десетината градови кои речиси целосно се затворени, во обид на кинеските власти да го спречат ширењето на вирусот.

Овој град до крајот на вчерашниот ден потврди пет смртни случаи и 324 заразени лица, со што е најпогодениот град по Вухан.

Двата града се оддалечени околу 70 километри и се наоѓаат во провинцијата Хубаи, која е во централниот дел на Кина со околу 60 милиони жители и моментно е целосно блокирана. Гувернерот на прес-конференција истакна дека компаниите во провинцијата не смеат да работат до 13 февруари.

Светската здравствена организација денеска порача дека владите треба сами да одлучат дали ќе ги евакуираат своите државјани од кинеската провинција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...