Ватикан го пријави првиот случај на новиот коронавирус, а заразен е член на медицинскиот персонал.
Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни изјави дека случајот е откриен вчера и оти амбулантните служби во клиниките во Ватикан се затворени за да бидат стерилизирани.
Ватикан ги известил и италијанските здравствени служби.
EPA-EFE/ANDREW MEDICHINI / POOL