Коријандерот е совршен чистач на организмот

Во европската кујна најчесто се употребуваат сушените зрна од коријандер, додека пак свежите листови најчесто се употребуваат во јужноамериканската и азијската кујна. Коријандерот има и лековити својства, и е одличен чистач на токсини и тешки метали од организмот

404

Познат и како кинески магдонос, специфичен по силниот вкус и мирис, коријандерот е еден од најдобрите прирдни средства за чистење на организмот од токсини и тешки метали. Оваа билка е силен природен келат, што значи дека ги врзува на себе атомите од токсините и тешките метали и ги исфрла од организмот.

Токму затоа, листовите од коријандер уште од дамнина се користат за целосна детоксикација на организмот, но и за зајакнување на имунитетот и крвната слика, при менструални болки и пореметувања, за намалување на нивото на шеќер, но и за смирување и лекување на изгореници и ублажување на мачнината.

Во поново време оваа чудесна билка се почесто се употребува и во превенцијата и лекувањето на канцерогените заболувања и туморите.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...