Корбин се извини за поразот на лабуристите

97
ФОТО: EPA / ANDY RAIN

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин им се извини на приврзаниците заради големите загуби на неговата партија на изборите.

Во написи објавени денеска во британските весници „Сандеј Мирор“ и „Обзервер“ тој го призна неуспехот на партијата на изборите и ја прифати својата  одговорност за тоа.

„Нема да заобиколувам, резултатот е тежок удар за секој на кого очајнички му беше потребна вистинска промена во нашата земја. Жал ми е што потфрливме и јас ја преземам одговорноста за тоа“ напиша Корбин во отвореното писмо до „Мирор“, пренесе Би-Би-Си.

Конзервативците на премиерот Борис Џонсон осовија убедливо мнозинство на општите избори во четвртокот, и тоа е нивната најголемата победа во последните 30 години, потиснувајќи ги лабуристите дури и од нивните традиционални упоришта.

Спротивно на нив, лабуристите го доживеаја најголемиот пораз од 1935 година.

Корбин кажа дека неговата партија ќе извлече поуки од поразот и вети дека подобро ќе ги слушаат традиционалните избирачи на лабуристите кои загубија и во работничките средини.

-Оваа партија постои за да ги претставува, ќе ја повратиме нивната доверба, рече Корбин.

Лидерот на лабуристите за кого се предвидува дека ќе отстапи на почетокот на идната година, додаде дека партија е решена да ја поврати довербата на своите долгогодишни гласачи, кои во меѓувреме ја напуштија.

Прелиминарните разговори за избор на нов лидер на партијата најверојатно ќе почнат идната недела, Корбин веројатно својата одлука за заминување ќе ја донесе на специјална седница на почетокот на јануари. Лиса Ненди и Џес Филипс се појавуваат како имиња на можни кандидати за негов наследник на чело на партијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...