Корбин: Не е праведно Парламентот да нема можност да ја изрази својата волја

58

Британскиот парламент денеска ќе има вонредни тричасовни дебати по одлуката на премиерката Тереза Меј да го одложи закажаното за денеска гласање на предложениот од нејзина страна договор за Брегзит, изјави претседателот на Парламентот Џон Баркоу, откако опозициската Лабуристичка партија побара вонредни консултации.

– Не е праведно Владата еднострано да ја повлекува програмата, а Парламентот да нема можност да ја изрази својата волја – истакна опозицискиот лидер Џереми Корбин.

Баркоу ги закажа дебатите откако предлогот на Корбин беше поддржан од пратениците од Лабуристичката, но и од Конзервативната партија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...