Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Џереми Корбин побара да се гласа за недоверба на премиерката Тереза Меј.
Корбин поднесе такво барање откако Меј најави дека Парламентот нема да гласа за договорот со ЕУ до средината на јануари, што е подоцна од еден месец од првично планираниот термин.
Гласањето требаше да се одржи минатата недела, но премиерката Меј ја одложи седницата во последен момент, откако стана јасно дека пратениците ќе го одбијат договорот.
ФОТО: EPA / PETE SUMMERS