Копија на Мона Лиза од 17 век продадена за половина милион евра

85

Копија од 17 век на сликата „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи денеска е продадена на аукција во Париз за 552.500 евра.

Цената што ја постигна сликата е многу повисока од првичната проценка, која беше помеѓу 70 и 90 илјади евра.

Оригиналната Мона Лиза, на која сликарот почнал да работи во 1503 година, е изложена во музејот Лувр повеќе од 200 години.

Се верува дека на сликата e Лиза, сопруга на трговец со свила од Фиренца, Франческо дел Џакондо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...