Американскиот магионичар Дејвид Коперфилд беше приморан на суд да открие еден од своите најпознати трикови, поради тужба што ја поднесе еден од учесниците во трикот, кој се повредил.
Британецот Гавин Кокс покрена тужба откако паднал и се повредил за време на учеството во трик под име “Lucky 13” во Лас Вегас. Тој го повредил рамото и на лекување потрошил 400.000 долари.
Покрај тврдењето на адвокатот на Коперфилд, дека откривањето на трикот ќе му донесе финансиска загуба на магионичарот, судијата во Лас Вегас ја одби жалбата и нареди трикот да се разоткрие.
Коперфилд во трикот бира случајно 13 лица од публиката и прави тие да „исчезнат“ откако ќе бидат прекриени со завеса, по што се појавуваат зад бината.
Продуцентот на магионичарски трикови Крис Кенер на суд откри дека одбраните луѓе од публиката поминуваат низ тајни премини надвор од зградата, а потоа на споредната врата врата влегуваат зад бината, по што повторно ги прекриваат со завеса.
Фото: EPA/MICHAEL NELSON