Координаторот за кибер безбедност на Белата куќа Роб Џојс ја напушта функцијата

Неговото заминување следува по минатонеделната оставка на неговиот претпоставен Том Босерт, советник за внатрешна безбедност на Доналд Трамп.

109

Координаторот на Белата куќа за кибер безбедност, Роб Џојс ќе ја напушти функцијата и ќе се врати на својата претходна работа во Агенцијата за национална безбедност.

Неговото заминување следува по минатонеделната оставка на неговиот претпоставен Том Босерт, советник за внатрешна безбедност на Доналд Трамп.

Двете оставки следат по назначувањето на Џон Болтон за советник за национална безбедност на Трамп.

Според високи американски официјални претставници, Џојс ја напушта Белата куќа по своја волја, а не затоа што бил принуден од страна на Болтон или друг член на администрацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...