Кончита со месеци беше тема во светските медиуми. За некои беше инспирација, за други лош пример. Но, таа ни денес не престанува да изненадува, па во спотот за новата песна „Hit Me“ шокирала со нов, сосема поинаков изглед.
„Па пред неколку денови беше прекрасна бринета, потоа сосема ја истрижи косата. Сега си пак, русокоса. Не знам што ти е“, коментирале обожавателите на контроверзната Кончита Вурст (30).
И навистина, пејачката во последно време го менува имиџот како чорапите. Од ден во ден ги изненадува фановите со нова боја на косата и со нова фризура. Кога пред пет години победи на Евросонгот, сите ги „маѓепса“ со густата црна брада, а сега и тоа го променила.
Австриската пејачка кон крајот на февруари ја избричи главата, па и тоа, како и сè што прави, го споделила со следбениците на социјалните мрежи.
ФОТО: Инстаграм/Притнскрин