Во камерната сала на Филхармонијата вечер од 20 часот ќе биде одржан свечен концерт по повод Светскиот ден на хармониката, во организација на здружението „Љубители на класичната музика” од Скопје.
На концертот ќе настапат музичари, како и ученици и студенти од класата на проф. Зорица Каракутовска. На програмата се дела од Золотарјов, Моцарт, Верди, Дербенко, Бете Илин, Анџелис, Хермоса, Пјацола…
Светската унија на хармоникашите во 2009 година го прогласи 6 мај за Светски ден на хармониката затоа што на тој датум во 1829 година е патентиран овој музички инструмент.