Концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири во Филхармонија

156

Првиот концерт на Златко Ориѓански и Бени Шаќири со пријателите ќе се одржи утре  во Македонската Филхармонија, со почеток во 20.30 часот. Двајцата музичари ќе понудат едно сосема поинакво музичко издание. На концертот ќе бидат изведени сите  песни од албумот „Добро утро госпоѓо“.

Ориѓански и Шаќири се долгогодишни соработници и како производ на соработката ќе го одржат својот прв концерт заедно со пријателите во Македонската Филхармонија.

Бени и Златко својата заедничка приказна ја почнаа со „Си беше еднаш“ и ,„Генерале“, која стана дел од музиката за претставата „Солун град на духови“ на режисерот Слободан Унковски. Продолжија со Галена, Анице и со уште многу други песни кои публиката ќе има можност да ги слушне на 20 април.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...