Концерт на дуото Тимна Брауер и Елиас Меири од Виена со еврејски песни

129

Во Македонската филхармонија вечерва ќе се одржи комеморативна церемонија по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, чии домаќини ќе бидат министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и амбасадорката на Сојузна Република Австрија во Република Македонија, Ренате Коблер.

На церемонијата, како што соопшти МНР, покрај министерот Никола Димитров, обраќања ќе имаат и претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ, амбасадорот во австриското МНР и специјален претставник на Австрија во Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА), Томас Мајкл Брауер и амбасадорот на Италија во Република Македонија, во име на тековното италијанско претседателство со ИХРА, Карло Ромео.

По официјалниот дел, ќе следи концерт на дуото Тимна Брајер и Елиас Меири (клавир и гитара) од Виена, со изведба на еврејски песни.

По повод Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, 27 јануари, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Сојузана Република Австрија во Македонија, организираат панел дискусија на тема „Борба против антисемитизмот и искривоколчување на холокаустот“.

Првата сесија која се однесува на модерните предизвици на антисенитизмот и искривоколчување на холокаустот, а втората сесија на панелот се однесува на цивилниот активизам и улогата на медиумите во сузбивање на говорот на омраза и злосторство од омраза.

Во рамки на одбележувањето на овој ден Универзитетот Мајка Тереза во Скопје ќе одржи Меморијален состанок посветен на жртвите од Холокаустот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...