Во организација на Гете-институт, вечерва од 20 часот во Филхармонија концерт ќе одржи камерниот состав „Штеграјф.оркестар“ (STEGREIF.orchester). Нивниот репертоар се состои од класици, но уникатното кај триесеттемина млади музичари од секаде низ светот е тоа што на публиката ѝ отвораат нови правци во класичната музика.
„STEGREIF.orchester открива нови звучни светови и постојано пробува нови жанровски фузии. Зачинети со фолклор, џез, блуз и рок настануваат нови впечатливи интерпретации на стари познати мелодии со изведбена и визуелна моќ. Ансамблот настапува без ноти, без диригент и без столчиња. Слободата што се создава притоа дава простор за импровизација и движење. Самиот збор „Stegreif“ значи импровизација. Концертната сала, просторот кај публиката, скалите, сé станува бина и на публиката ѝ овозможува уникатно концертно доживување“, соопшти Институтот „Гете“.
Влезот за концертот е бесплатен, со претходна резервација на места на мејлот: marija.chorbeva-penovska@