Концерт на Брас квартет во Домот на културта

130

На платото пред Домот на културата вечерва во 20 часот концерт ќе оддржи Македонскиот брас квартет како увертира во петдневната Павловденска програма. Квартетот е составен од четворица колеги, вработени во Македонска Опера и Балет во состав: Стојанче Косовски труба, Александар Златески труба, Горан Јанев хорна, Владан Дробицки тромбон.

Тие ќе ни понудат една концертна вечер со богата програма од познати класични дела на Кларк, Хендел, Џузепе Верди, Равел, Корсаков, Моцарт, Џоплин и други композитори. Концертот е во организација на Домот на културата „Тошо Арсов“, Виница.
Утревечер во 20 часот на истата локација настап ќе има Триото Филип Данев. Концертот предвидува изведба на модерна и традиционална џез музика. Дел од композициите се авторски и за прв пат ќе бидат изведувани во Виница, а дел се познати џез стандарди. Триото е составено од Пенче Кралев – контрабас, Виктор Филиповски – тапани и Филип Динев – гитара. Се работи за едни од
најактивните џез музичари од новиот џез бран во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...