Концерт за четирирачно пијано со Марија Ѓошевска и Елена Атанасовска-Ивановска

153

Во камерната сала на Македонската филхармонија, во петок во 20 часот, ќе се одржи концерт за четирирачно пијано со едни од најистакнатите македонски пијанистки – Марија Ѓошевска и Елена Атанасовска-Ивановска.

На програмата се свитата „Оревокршачка“ од Чајковски/Лангер, „Карневал на животните“ од К. Сен-Санс/Л. Гарбан и Македонска парафраза бр.2 од македонската композиторка Бете Илин.

Елена Атанасовска-Ивановска и Марија Ѓошевска успешно ја претставуваат и ја афирмираат нашата земја и надвор од нејзините граници.

Дуото официјално започнува да концертира на фестивалот „Златна лира“ во 2009 година. На нивниот репертоар за навистина краток период се најдоа речиси сите капитални дела од светската литература за две пијана.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...