Концертот на пејачот Жељко Самарџиќ, кој требаше да се одржи задутре, на 16-ти февруари, во Вип Арената Борис Трајковски е одложен за 23 февруари, поради трагедијата која се случи синоќа кај Ласкарци, а во која 14 лица го загубија животот.
– Драги мои Македонци, сакам само да ви кажам дека во овој тажен момент сум со вас и ја користам приликава на сите семејства на настраданите да им изразам искрено сочувство. Мојот концерт е преместен за 23 февруари – вели Самарџиќ.
ФОТО: Инстаграм